(ВИДЕО) Османи: Лага е дека има фуснота за јазикот, ако не прифатиме илјадници ќе заминат, ќе има меѓуетнички тензии

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека е лага за постоењето фуснота за македонскиот јазик во францускиот предлог и дека ќе се испушти најголемата историска шанса за македонскиот јазик и за влез во ЕУ. Според него, се следно ќе биде потешко и полошо. Да треба да го смениме Уставот, но тоа е во наш интерес.

Сите шпекулации дека има фуснота се лажни, да има изјава од Бугарија, но не во рамката туку во записникот. Но тоа не влегува во документот, не влегува во документите, еднаш се кажува и никогаш повеќе, рече Османи.

Тоа што го има во португалскиот предлог ќе стои како изјава на бугарската страна, тие ќе го кажат тој став. Тие ќе кажат својот став како издвоено мислење на состанокот, ЕУ не го прифаќа тој став, замислете ЕУ да го прифатеше тој став?

Мислам дека нивната изјава е според португалскиот предлог, дека пред 1945 година не постоел македонски јазик, одговори Османи на новинарско прашање.

Протикот е продукт, тоа е документ, не сакав тој документ да биде таму. Но договорот и член 12 тоа е иста реченица, рече османи. Нема ништо различно посебно во најспорниот дел дека биле внесени историските прашања, каде се внесени тие историски прашања? Човековите права не се внесени, малцинските права не се внесени, рече Османи.

Нас ни се забранува да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија зашто не го признаваат нашето малцинство во Бугарија, а ние сме обврзани за малцински и човекови права?

Оваа рамка е што треба да исполни Северна Македонија во рамката не се третираат прашања за земјите членки како што е Бугарија туку само за нас. Ова е за исполнување на наши услови, рамката е за нас, нема врска со малцинство, немалцинство, ова е само за исполнување на нашите услови за да станеме членка на ЕУ, рече Османи.

Министерот за надворешни работи укажа и дека не е никаков проблем Бугарите да влезат во Уставот на државава.

-Кој е аргумент од хрватска црногорска заедница да прашат зашто не се во Уставот, нема аргумент освен класична дискриминација. Во наш интерес е да ги внесеме и Хрватите и Црногорците како Хрватска што ги внесе сите, 25 заедници. Не смееме да гајиме чувства на гнев кон другите, немаме проблеми такви за да ги мразиме другите, не можеме да не ги внесеме Бугарите во Уставот, 3000 се колку се толку се, сите тие ги имаат истите права и привилегии.

Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on