(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со колегата Николај Милков во Софија рече дека ќе и предложи на Владата новиот Закон за регистрација на здруженија да го испрати до Венецијанската комисија.

– Донесен е закон во Собрание чија цел беше да се спречи саботирање на заедниците од страна на други чинители. Тоа што се оспорени одредени прашања, ќе предложам Владата да го прати законот до венецијанската комисија за да каже таа дали има спорни елементи – рече Османи.

Тој го информирал Милков и за активностите на меѓуресорската работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од протоколот со која лично раководи.

– Ова го сметам за важно затоа што во минатиот период бевме сведоци како се злоупотребуваат овие теми и преку манипулација на чувствата на граѓаните се креираат непријатни настани чија крајна цел е да се киднапирааѕт активностите на двете земји за унапредување на односите. Заедно до Милков ќе сториме се да не дозволиме други од надвор да ни ја водат надворешната политика. Треба министерствата да ги водат процесите и затоа културно-информативните центри отворени од државите ќе придонесат за тоа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија