(ВИДЕО) Ордановски: Како да падне оваа власт?

Од:

„Оваа власт е невозможно да падне демократски“, тврди  Сашо Ордановски, кој ваквиот став го искажа уште на трибината организирана од иницијативата „8-ми Септември/8 Shtatori”.

Ордановски објаснувајќи дека денес Македонија е недемократска држава, заклучи дека во државата веќе не постои оптимизам, а една демократска држава не може да се гради без оптимизам.

„Според теорија ваква власт како што од 2011 па наваму воспостави Груевски повеќе е речиси невозможно да падне на избори“, рече тој.

Оваа власт има апсолутен монопол врз најголемиот финансиски ресурс во државава, односно буџетот, смета Ордановски, додавајќи дека истиот се троши без никаква отчетност и транспарентност.

Тој додаде дека власта располага со 180.000 луѓе јавна администрација, а истата ја злоупотребува на секаков начин за своите цели без било какви критериуми за тоа како власта би требало да се однесува кон администрацијата.

„Ова е власт која контролира 95% од медиумскиот простор“, потенцираше Ордановски, објаснувајќи дека кога една власт ги поседува овие три или четири компоненти заклучокот е дека е невозможно истата да падне демократски.

Навраќајќи се 150 години назад во историјата, тој објасни теоретски дека  ваков тип на ситуации се разрешувале на три начина. Според првиот, власта паѓа како резултат на сопственото распаѓање, а според вториот начин  со насилни воени интервенции. Ве молам немојте да мислите дека јас ова го посакувам, јас само ви кажувам како паѓале, рече Ордановски. Според него, третиот начин на паѓање на еден режим е со внатрешен пуч, односно внатрешна пресметка која се случува кога властите внатре во себе се премногу криминализирани.

„Овој тип на режим кој што го воспостави Груевски има една голема фалинка, односно бара многу пари. Ваков тип на режими можат да опстојуваат многу време само ако имаат екстра економски ресурси“, посочи Ордановски.

На трибината насловена како „22 години од 8-ми Септември“, Владимир Милчин, Сашо Орданоски, Лидија Димова и Рамадан Рамадани говореа за случувањата и периодот околу создавањето на независна Македонија, анализирајќи ги и состојбите денес.Иницијативата „8-ми Септември/8 Shtatori” со трибината имаше за цел до јавноста да ја упати пораката: „Сакаме држава по мерка на граѓаните, а тоа Македонија за жал не е!

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Груби го најави Ахмети како спектакл за млади, а Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на партиските митинзи

Орце Костов

Шкотска пак ќе гласа за независност, предложен закон за нов референдум

Жарко Настоски

Ковачевски: Да се посветиме на вештините кај младите за да го искористиме потенцијалот

(ВИДЕО) Експертите согласни: Во земјоделието се искористуваат сите капацитети