ВИДЕО: Oпштинските инспекциски служби отстраниja два нелегално изградени објекти во Центар

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес со механизација отстрани два нелегално изградени објекти на улицата „Водњанска“, односно една импровизирана градба и една дрвена барака.

„Откако инвеститорите на двата објекти не постапија по решениjaтa издадени од Секторот за инспекциски работи, кои налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги отстранат градбите, општинските служби пристапија кон присилно административно извршување, односно отстранување на градбите“, информираат од Општина Центар.

„Ова е само почеток на акцијата на Општина Центар во борбата против нелегално изградените објекти на нејзина територија. Издадени се вкупно 18 решенија за отстранување на нелегално изградени објекти, за кои јавноста дополнително ќе биде известена“, велат од Центар.

Општината и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатија апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, велат, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти.

Би можело да ве интересира

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете