ВИДЕО: Општина Ново Село, Црвен крст и граѓаните во акција за спас на Киро Пасков

Од:

По објавата на А1он и Макфакс за лошата состојба во која се наоѓа Киро Пасков, социјалната служба на општината Ново Село и подрачната единица на Црвен крст во Струмица се вклучија за спас на 62-годишниот Киро кој преживува на планината Беласица, сам, изнемоштен и без било каков контакт со луѓе.

Од општината Ново Село на Пасков му е доделена еднократка помош од 6 илјади денари, а како што велат, градоначалникот Боро Стојчев прави напори и струјата да биде вратена во трошната куќа во која живее Киро.

– Кирил Пасков е посетен од страна на социјалната служба на општината Ново Село, за него е поднесено и барање до советот за кое е одобрено парична помош, а моментално градоначалникот е во преговори со ЕВН за повторно да му биде вклучена струјата, вели Верица Ангелова Златанова, соработничка за јавни дејности во општина Ново Село.

Пред неколку денови Киро Пасков бил посетен и од страна на вработените во Црвен крст Струмица кои донирале храна и топла. Му било понудено и сместување во нивните простории, но тој инсистирал да остане во својот дом.

– Црвен крст Струмица работи на сместување на бездомниците во регионот, оваа недела го посетивме Киро Пасков од Дражево, му однесовме храна, средства за хигиена, постелнина. Сакавме да го сместиме овде кај нас во Струмица, но тој не сакаше, лично изрази желба да остане во својот дом. Ние му помогнавме со сите наши капацитет, доколку има потреба стоиме на располаѓање, вели Љубчо Јанков, стручен соработник во ЦК, Струмица.

Покрај Ново Село и Црвен крст, за помош на Киро Пасков до нашата редакција се обратија и голем број граѓани кои несебично донираа за овој изнемоштен човек. Киро од хуманите граѓани доби храна, топла облека, чевли, средства за лична хигиена, дрва за огрев, а наскоро ќе добие и трансакциска сметка на која ќе може да се донираат и финансии.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри