ВИДЕО: Општина Илинден се грижи и за највозрасните

Од:

Водејќи грижа за сите категории население, Општина Илинден покрај изградбата на првата општинска детска градинка, првото општинско средно училиште и грижата за најмладите, се подготвува и за изградба на првиот Дом за стари лица во Општина Илинден. За таа намена веќе е објавено електронско јавно наддавање за градежна парцела за изградба на Дом за стари лица во повеќенаменската зона Ограѓа. Со изградбата на Домот за стари лица ќе се овозможи достоинствен живот и згрижување на старите и изнемоштени лица, со што ќе им се олесни животот и на нив и на нивните семејства.

Домот за стари лица ќе се гради на пристапна локација со комплетна инфраструктура, во централниот дел на Општината, што се наоѓа на само десеттина километри од центарот на главниот град.

Површината на градежната парцела изнесува 9.982 метри квадратни, а површината на градбата е 4.486 метри квадратни.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање, која што треба да се достави до 04.11.2013 година на адресата на Општина Илинден.

Реализацијата на овој капитален проект „Дом за стари лица“ е една од зацртаните цели и капитални приоритетни проекти во Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он