ВИДЕО: Охрид повторно на протести

Од:

Втор ден, со получасовен протест, членовите и симпатизери на СДСМ на градскиот плоштад го изразија својот револт за случувањата во македонското Собрание во понеделникот и побараа да се симне режимот на Никола Груевски и да се врати демократијата во земјава.

„Во сон не можеше да се замисли ни во најцрното сценарио дека може власта да посегне преку пратениците директно на македонскиот народ. Ние сме избрани од македонскиот народ. Најнапред ги избракаа новинарите, ги влечеа од галеријата од кога помислија дека нема слика, нема снимка влагоа педесетина специјалци насилно со удирање на пратенички со газење, со влечење со удирање не извлекоа од салата. Во најцрните режими во светската историја ова не е случено. Ова го направија за на неуставен начин, незаконски и неделовнички го изгласаат буџетот, односно продолжат и по седмата година и со насилничкото режимско владеење да трошат пари за да добиваат избори“, рече пратеникот Митре Вељаноски.

На видео бимот беше емитувано видео обраќање на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, но и снимки од инцидентите во Собранието на Република Македонија.

„Маските паднаа. Имавме историска одговорност и се спротивставивме. Се спротивставивме во парламентот од вчера почнуваме да се спротиставуваме на улица. Тоа ќе го правиме по цена на нашите животи до крај“, рече Велјаноски.

Присутните со свеќи во рацете, го искажаа својот револт со триесет минутна блокада на кружниот тек кај градскиот плоштад.

„Тоа е симболика бидејќи покрај оваа магла вечерва и свеќата е симболика на темниот вилает на мракот кој надвизна над македонија. Кога брат на брат крева рака, кога Македонец на македонец крева рака“, додаде пратеникот Велјаноски.

Блокадите ќе продолжат и утре и задутре, од 18:00 часот.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски