ВИДЕО: Охрид се разбуди од зимскиот сон

Од:

Охрид според очекувањата за првомајските празници беше исполнет онака како што наликува на нашиот најголем туристички центар.

По кафулињата и рестораните се бараше место повеќе,сопствениците на бродови и кајчиња имаа полни раце работа. Традиционалните прошетки до Свети Наум, Канео, стариот дел на градот како Титовата вила беа најомилени дестинации.

Метежот низ Охрид најочигледен беше по градските сообрачајници и главниот булевар Туристичка. Најбројни беа гостите од Скопје но и оние од соседството Бугарија, Грција и Србија.

Туриситчките работници очекуваат дека градот ќе биде исполнет и за време на Велигденските празници. Коментарите на охриѓани се дека Охрид конечно се разбуди од зимскиот сон.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он