ВИДЕО: Кочани гори, пламенот зафати и куќи

Од:

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, а горат и бандери. Жителите бараат помош од институциите и граѓаните, а се обидуваат пожарот и сами да го изгаснат. Неофицијално, според тврдењата на мештаните во Белско маало пожарот зафатил и стари куќи. Мештаните велат дека на терен е страшно, а говорат и дека се слушаат силни експлозии предизвикани од огнот.

„Кочани бара помош – нов голем пожар на чекор до првите куќи“ стои во објава објавена пред подолго време.

На терен има три противпожарни возила со повеќе екипи, велат мештаните за „А1он“ и додаваат дека самите жители се организирани и се обидуваат да го спречат огнот да ги зафати другите куќи. Според неофицијални информации, најопасно е во селото Бели. Од пожарот се шири огромен чад и непријатен мирис.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски