(ВИДЕО) Огњановски: За „Ровер“ нема притвор, некој калкулира Бошкоски да остане во Идризово до изборите

Од:

Не постојат никакви правни или објективни пречки Љубе Бошкоски да не биде пуштен од Идризово, но очигледно е дека некој калкулира и бара причини Бошкоски да остане затворен до изборите, рече потпретстедателот на Обединети за Македонија, Марјан Огњановски.

Тој вели дека нема оправдување во соопштението на директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, кој по протестот на Обединети за Македонија пред затворот, напиша дека кривичната постапка за предметот „Ровер“ може да биде пречка за пуштање на Љубе.

– За да се расчисти маглата и да и стане јасно на целата јавност, укажуваме дека за предметот „Ровер“ до затворската управа е веќе доставено известување од Претседателот на судскиот совет дека на Љубе Бошкоски треба да му се овозможат и дадат сите права кои му следуваат од КПУ Идризово и дека нема одреден притвор за „Ровер“, вели Огњановски.

Тој прашува ако, како што кажа директорот на затворот во соопштението, нема никакви политички притисоци да не потпишува за Љубе и ако се исполнети сите услови, зошто се уште се чека ослободување на Бошкоски.

– Во последните месеци е потпишуван предвремен отпуст за осудени лица на 90 дена до истекот на казната, па дури и за лица против кои се водат и по една или уште две постапки. Одложување на одлуката за Бошковски ќе биде јасен индикатор дека тој се уште е жртва на политички прогон, во кој сега се вклучија и нови актери, смета Огњановски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска