ВИДЕО: Одложена седницата за избор на шеф на скопското обвинителство

Од:

Советот на јавни обвинители по втор пат ја одложи седницата за распишување на оглас за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска.

Од Советот рекоа дека оваа седница ќе се одржи на 25. мај, односно за девет дена, a според извори од обвинителството изборот бил одлозжен поради немање кворум како и поради причини од законот за избори, односно забраната за избор во овој период.

Претседателот на советот на јавни обвинители, Петар Аневски во петокот во изјава за медиумите рече дека седницата ќе се одржи денеска и дека претходно била одложена од повеќе причини.

Според него, нема пречка да се врши избори и после шест месеци од огласот, а како пример кажа дека Катица Јанева како обвинител во 2010 година била избрана осум месеци по огласот.

– Првиот заменик си ја продолжува работата, функцијата му мирува во обвинителството, Златко Биковски така продолжи и овде ќе биде истиот случај, рече Аневски.

Во надлежност на Гешковска се предметите поврзани со насилствата во собранието од 27. април, а скопското обвинителство е под остри критики поради начинот на кој постапува токму со овие случувања. Ова беше втор неуспешен обид на Марко Зврлевски да ја избере за виш обвинител шефицата на својот кабинет.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Извршен е увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на „Идризово“

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

Обвинителство: Изборите се мирни – Кривични за две лица во Велес, за едниот се бара притвор

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ