ВИДЕО: Од „Македонија блокира“ успеале да спасат само едно тенџере и фотографија од Иванов од кампот пред Собрание

Од:

Два леба, тенџере во кое што имало сарма и фотографија од претседателот Ѓорге Иванов – толку успеале да спасат организаторите на „Македонија блокира“ кога утринава камион на комуналните служби ги собирал остатоците од кампот што до вчера беше поставен во паркот Жена борец. Граѓаните кои денеска ги затекнавме во паркот се жалат дека кампот бил отстранет без претходна најава. Тие тврдат дека во текот на ноќта имало луѓе кои биле исфрлени од шаторите од страна на полицијата.

„Две такви фотографии од нашите обраќања до претседателот ги најдовме во камиончето на ‘Паркови и зеленило’ со останатото ѓубре. Како што го најдовме моето тенџере од славата за Свети Никола, која је чествувавме тука, два леба и 2-3 кисели води кои беа за луѓе да ги консумираат тие во ѓубре…“, изјави Ана Бобинкова.

Од Град Скопје велат дека постапиле законски со отсранувањето на шаторите, а таква одлука следувала по редовните комунални инспекции.

„По редовните комунални активности на градот, во паркот Жена борец е затекнат лом, шут, предмети што не припаѓаат никому. Според Законот за комунален ред, ние имаме обврска парковите и зелените површини да ги држиме чисти и уредни. Со оглед на тоа што никој од нас не побарал дозвола да го користи паркот, а го користи веќе неколку месеци, вчера Град Скопје заедно со другите институции, меѓу кои главно е МВР, ги отстранивме не луѓето туку предметите што ги најдовме во паркоте. Луѓе таму немаше”, изјави Никола Наумовски од Град Скопје.

Од „Македонија блокира“, пак, се заканија дека ако не им ги вратат шаторите ќе поднесат пријави и тужби против надлежните, но и дека ќе се вратат на улиците со блокирање на најфреквентните крстосници во повеќе градови.

„Доколку не бидат вратени сите работи на своето место и доколку не бидеме обештетни, ќе блокираме најмалку 40 градови. Од сабота ќе почнеме со максимално вклучување на блокадите, досега бевме колегијални да не страдаат многу градот и граѓаните“, изјави Драган Угриновски.

Активистите кои велат дека се залагаат да го одбранат уставното име на државата и да го спречат имплементирањето на преспанскиот договор, изминатиот период зачестија со блокадите на крстосниците во Скопје. На ова бурно реагираа возачите и граѓаните со часови заглавени во сообраќајниот метеж, а најчестите реакции беа и поради малиот број демонстранти, што го отвори прашањето дали се исполнуваат законските норми за право на протест со помалку од 20 луѓе.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство