ВИДЕО: Од денеска се реконструира и втората делница од улицата „Лазар Личеноски“

Од:

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Лазар Личеноски, на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

– Откако минатата година ја завршивме првата фаза од обновата на оваа улица, од булеварот Гоце Делчев до СРЦ „Кале“, со завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата може да кажеме дека целосно е обновена една од двете улици кои околу скопското Кале ги поврзуваат булеварите Гоце Делчев и Никола Карев како едни од најфреквентните во градот. Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици е во полн ек. Само за две недели почнавме реконструкција на 6 постојни и изградба на една нова улица, во неколку општини на територијата на Скопје. Затоа, однапред замолувам за разбирање за сообраќајниот метеж кој се создава како последица на неколкуте активни привремени режими на сообраќај што се воведени заради градежните активности – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

За реализација на проектот за обнова на улицата Лазар Личеноски – втора фаза ќе се одвојат околу 17,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена.

Шилегов додаде дека реконструкциите на градските сообраќајници ќе бидат завршени во рекордно кратки рокови.

На почетокот на градежните работи на втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Предраг Петровиќ

Стефковски: Потврдувам дека моето име е дел од имињата за градоначалник на Скопје

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он