ВИДЕО: Од денеска се реконструира и улицата „11 Октомври“ кај стара градска болница

Од:

Улицата „11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосница со улицата „Стив Наумов“ за 30 дена ќе биде реконструирана и ќе биде обновено булеварското зеленило.

– Денеска ја започнавме реконструкцијата на улицата, ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела ќе направиме кратка пауза заради одвивање на Скопскиот маратон, а во недела попладне продолжуваме да работиме и моите очекувања се дека до крајот на следната недела, односно за помалку од 10 дена да ја завршиме реконструкцијата. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег – рече Шилегов.

Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено булеварското зеленило и ќе бидат заменети постојните рабници. Вредноста на проектот изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена. Минатата година во овој дел од градот се реконструираше булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Павел Шатев“ кои се вкрстуваат со улицата „11-ти Октомври“.

Во делот на велосипедскиот сообраќај на овој булевар минатата година беа реконструирани и велосипедските патеки од Рампа до булеварот „Кочо Рацин“ на кој за прв пат беа поставени велосипедски ленти стеснувајќи го коловозот заради смирување на автомобилскиот сообраќај.

Дел од улиците кои започна да ги реконструира Градот во текот на оваа градежна сезона веќе влегуваат во фаза на поставување на хоризонтална патна сигнализација и набргу ќе бидат пуштени во употреба. Реконструкциите завршуваат во рекордно кратки рокови, а на дел од булеварите се работи и ноќе со цел колку што е можно побрзо да бидат завршени за да можеме поскоро да бидат пуштиме во употреба. Крајната цел е воспоставувањето на ефикасен и безбеден сообраќај кој ќе ги почитува принципите на одржлива урбана мобилност и полека но сигурно, чекор по чекор да станува наше секојдневие, рече Шилегов.

Градоначалникот упати и апел до граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните работи и да ја почитуваат поставената сигнализација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата