ВИДЕО: Обвинителство три години чува кривична поднесена од фирма која работела за Владата, а не може да си го наплати сработеното

Од:

Уште не стивнати реакциите по писмото од австрискиот амбасадор Георг Вуцас во кое тој побара смена на судии, обвинители и одговорност од нотари и извршители за кои смета дека го одолговлекуваат процесот на наплата на долг на една австриска фирма во земјава, се појави нов случај со фирма со грчки сопственик која три години чека правда од нашиот судски систем, а не може да си го наплати тоа што го изработила.

Три години Основното јавно обвинителство не постапува по кривична пријава поднесена од компанијата „Ланд Сервис“ од Скопје против претходниот управител на фирмата и против фирмата партнер со која настапиле заедно на јавна набавка во Службата за општи и заеднички работи во Владата, а оттогаш партнерот кој бил носител во реализацијата на набавката, престанува да врши исплата на финансиските средства добиени од СОЗР. Истиот ги наплаќа од Владата меѓутоа 50% кои треба да се слеат во касата на „Ланд Сервис“, не ги исплаќа.

Во 2020 година „Ланд Сервис“ поднел кривичната пријава до ОЈО, но затоа што се работело за јавна набавка, истата била препратена до ОЈОГОКК. Оттаму кривичната се отфрла затоа што не е утврдена злоупотреба на службена положба и овластување, но обвинителството смета дека постои основано сомневање дека управителот на фирмата сторил кривично дело „измама“ и ја враќа повторно во ОЈО.

– Се уште нема разрешница по кривичната пријава која е поднесена во 2020 година, односно во 2021 година, добивме доби решение од ОЈО за организиран криминал кое се произнесува дека не е надлежно да постапува, но се произнесува дека има основано сомнение за кривично дело измама и дека истото ќе го врати повторно назад во ОЈО. Од 2021 година од кога е добиено ова решение, ни се уште немаме никаква разрешница, одговор од ОЈО во однос на тоа дали ќе покренува постапка или нема ако смета дека не постои кривично дело. Во меѓувреме поради оваа кривична пријава во текот на 2020 година, партнерот на нашата компанија кој е носител на јавната набавка во СОЗР бидејќи настапивме групно, престана да врши исплата.

Пријавувајќи кривично дело во кое што ние сме оштетени за околу три милиони денари, „Ланд Сервис“ доаѓа во ситуација да претрпува штета од нови 48 милиони денари. Во седум постапки се обидуваме со времени мерки да ја обезбедиме наплатата, но тие не се прифатени од страна на судот. За целиот период поради ваквото постапување или непостапување на државните институции, фирмата се соочи со голем предизвик да се опстане поради притисокот да не отиде во стечај – вели за „А1он“, Анета Николаидис, финансиски менаџер на компанијата и сопруга на сопственикот Нектариос Николаидис.

Фирмата се обратила и до финансиска полиција, а потоа и до грчката амбасадата од каде што се обратиле до МНР.

– Оттаму колку што сме запознаени се имаат обратено до МНР од каде што им одговориле дека ќе се разгледа случајот. Но нема епилог до денеска нешто да мрдне од мртва точка. Најголем проблем е дека има премногу одолговлекување во обвинителството и судовите. Нашиот закон предвидува дека тужба во првостепен суд треба да заврши за шест месеци – додаде соговорничката.

Во контекст на претходниот случај со дописот на австрискиот амбасадор, реакциите од амбасадорите и заштитата на компаниите на нивните граѓани, за македонскиот претседател Стево Пендаровски не е мешање во внатрешните работи на земјата туку легитимна обврска на дипломатите.
Австрискиот амбасадор во отворено писмо до медиумите обвини дека македонски фирми ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), и побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги отстрани „сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите“.

Од Јавното обвинителство информираа дека по поднесените кривични пријави од австриската фирма се постапува исклучително ажурно.

Продолжува..

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра