МВР објави видео од остатоците од авионот што вчера се урна во близина на Солунска Глава. Авионот паднал на непристапен терен и засега нема услови да се извлече.
Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.
Во авионската несреќа загина семејство од Бугарија, мајка, татко и две деца.