(ВИДЕО) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

Од:

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира. Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? Постои ли еден пратеник што е на работа во 8:30 ч и не го видел ова? И никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека не смеат, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив“, прашуваат од „О2 инцијатива“.

пред Собрание и полиција, се гори пластика на отворено

Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира. Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30ч и не го видел ова? и никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив! И сето ова е на 100 м од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести "Св.Наум Охридски"-Скопје, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо. И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО.Министерство за внатрешни работи Град Скопје Инспекторат на град Скопје

Posted by O2 Иницијатива on Четврток, 13 декември 2018

Тие на својата фејсбук-страница објавија и снимка од бурето со оган со кое се грејат демонстрантите од „Македонија блокира“.Ги прозваа МВР и надлежните инспекции од градот затоа што нема казни за ова што се случува, како што велат, пред нивните очи.

„И сето ова е на 100 м од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести ‘Св.Наум Охридски’- Скопје, во центар на метрополата што конкурира за зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо. И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО“, велат од „О2“.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он