ВИДЕО: Новогодишно обраќање на градоначалникот Коста Јаневски

Од:

„Во последниот ден од оваа 2017 година ја имам честа да Ви се обратам и како ваш градоначалник, но пред се и како човек на кого му ја дадовте можноста да остави белег во средината во која заедно припаѓаме.

Оваа година која веќе изминува, имаше и убави и помалку убави моменти. Без разлика кој како ги доживеал, кој низ што поминал, кој со што се соочил, сите случувања нека ни бидат еден заеднички патоказ кон изнаоѓање на вистинските вредности. Чекорејќи по него, да се обидеме да станеме и подобри и помудри и почовечни, а годината којашто ни претстои да ни биде просперитетна и година каква што сите посакуваме и заслужуваме.

Ноќта што е пред нас поминете ја со најблиските, со семејството и пријателите, со луѓето кои што имаат посебно место во вашиот живот. Заборавете ги лошите спомени од годината која што заминува и посветете се на убавините кои животот ни ги носи.

Во новата 2018 година влезете со чувство на мир, радост и ведра мисла и врз нив градете го Вашиот живот. Спокојот нека биде нераскинлив дел од вашето секојдневие, а успехот ваша водилка за остварување на вашите цели!

Ви посакувам 2018-та да ви биде исполнета со здравје, благосостојба и лична среќа!

Бидете ми весели и насмеани. СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА!“, рече во своето новогодишно обраќање, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри