ВИДЕО: Ново протестно возење на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старата цена на струјата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и вечерва организираше нов протест против поскапувањето на електричната енергија за 7,42 отсто, барајќи враќање на старата цена и оставки на членовите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и нејзиниот претседател Марко Бислимовски.

Протестното возење на партијата низ скопските улици започна пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, од каде учесниците со автомобили во колони, се упатија пред РКЕ.

Влатко Ѓорчев изјави дека струјата поскапува во услови на економска криза, наспроти многу европски земји во кои цената е намалена. Бислимовски и РКЕ, рече Ѓорчев, треба да поднесат оставки или да бидат разрешени од Владата и да се именува професионална Регулаторна комисија.

-Македонија плаќа највисока цена на струјата во Европа споредено со примањата кои што ги имаат, односно што ги немаат македонските граѓани. Бараме час поскоро враќање на старата цена и разрешување на Марко Бислимовски како послушник на Зоран Заев и неговите министри. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Бислимовски да си поднесе оставка и целата Регулаторна комисија. Затоа што во оваа сиромаштија, отпуштања и економски колапс кој ни се случува, да се зголемува цената на струјата не е ништо друго освен економски терор врз стандардот на граѓаните на Македонија. Ова е важно за илјадници семејства во земјава и за економијата која во моментов е на колена,“ рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални