(ВИДЕО) Новиот шеф ветува транспарентност, прашан кои се надлежностите на ОЈО-ГОКК вели: „Не сум на испит“

Од:

На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Пред новинарите сам кажа дека немал програма, но бил во комуникација со обвинителите кои избираа. Потенцираше и дека има визија. Прашан да наброи предмети на кои работи не сакаше да одговори и кажа: „Обратете се во гостиварското обвинителство“. Кога беше прашан дали може да ги наброи надлежностите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција рече: „Не сум на испит тука јас. Во Законот за јавно обвинителство е предвидено која е надлежноста на тоа обвинителство“. Сепак, Абази ветува транспарентност со јавноста и најави дека тоа ќе има граници.

„Во однос на транспарентноста и јавноста, согласно Законот за јавно обвинителство ние сме должни да бидеме транспарентни и да ги информираме средствата за јавно информирање за работата на некои предмети кои нудат поголем интерес во јавноста. Треба да имаме предвид да ги зачуваме угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во таа постапка со презумцијата на невиност и тајноста на постапката во зависност од тоа во која фаза се наоѓа предметот“, кажа Абази.

За неговата биографија на прес-конференцијата зборуваше кратко. Кажа дека работел во разни работни групи за донесување закони.

„Ова ми претставува предизвик имајќи го предвид моето досегашно искуство да раководам со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување  закони, подзаконски акти, учесник сум во работната група во Законот за конфискација на имот и со моето досегашно искуство и работа сметам дека професионално и законито ќе го претставувам ова обвинителство, заедно со колегите обвинители“, додаде Абази.

Тој беше прашан и како го избрале токму него кога немал претставување, одби дебата во „А1он“ со противкандидатите, немал програма.

„Со колегите се познаваме долги години. Кога ќе ја видите структурата на гласови што сум ја добил по вишите подрачја ќе видите дека имам гласови од апелациските подрачја Битола, Штип, Гостивар… Тие во мене препознаа човек кој ќе биде успешен.
Најпрво ќе се запознаам со состојбите и работите во тоа обвинителство и битно е да се пополнат празните работни места за обвинители, да ги пополниме местата во истражниот центар и да воведеме дигитализација на јавното обвинителство“, додаде новиот шеф на ОЈО-ГОКК, Ислам Абази.

Тој е избран со 66 гласови „за“ од 163 обвинители со право на глас.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Министерот Лога се сретна со шефот на Обвинителството за организиран криминал за предметот за модуларната болница

Министерот за правда ги испрашува шефовите на Обвинителствата за случајот со модуларната во Тетово

Снаата на Абази била вработена во 2015, префрлена е во АЕК откако била со сопругот на дипломатска мисија

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Снаата на обвинителот Ислам Абази вработена кај Груби, па префрлена во АЕК

Катерина Ѓуровски