ВИДЕО: Новинарите и објавија војна на судската власт

Од:

Новинарите со едноминутно молчење пред Криивичниот суд и оддадоа почит на слободата на изразување во земјава.

– Слободата на изразување е мртва, исто како колегите што работат во контролираните медиуми“, рече Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Чаусидис упати повик до новинарите да почнат со именување на сите извршители на наредбите од политичката власт.

– Идеологииите се менуваат, но она што ги држи живи се оние што се потпишуваат, оние што не се спротивствауваат, имаме такви и во наши редови, и време е да почнеме да ги кажуваме и да ги именуваме. Ниедна наредба немаше да биде спроведена ако не беше потпишана од надлежните судијки, рече Чаусидис.

Главниот и одговорен уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски рече дека 20 години се обидуваме да создадеме независни судски институции и полиција, но дека сега може да се каже-политичките институции треба да се вмешаат во независноста на судството, и да реагираат заради заштита на слободата и човековите права.

– Мислам дека судот, органите на прогонот, обвинителството, полицијата, го прекршуваат законот, ги пречекоруваат своите овластување и време е политиката да реагира. Премиерот Груевски и претседателот Иванов треба јавно да ги повикаат да го штитат законот, да го прекинат притворот на Кежаровски, да го спасат неговиот живот но и да го спасат угледот на Македонија во светот.

– Да се обидат овој кадиско-спахијски-султански систем на судство, полиција и органи на прогонот да го вразумат.

– Прецизен сум, во Македонија според уставот и законот имаме поделба на власт, независни судска, законодавна и извршна власт. Досега реагирањето на политичките институции било дека не сакаат да се мешааат во „независните судски институции“. Сега ги повикуваме да се вмешаат во независноста, бидејќи овие институции независноста ја сфатиле на себе својствен начин, рече Димитровски.

Одлуката е скандалозна зашто е во спротивност со Уставот и законот, тие судии што вчера ја потпишаа одлука знаат дека Кежаровски нема да избега. Тие добро знаат дека тој нема ни финасиско материјална положба за да избега, рече Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија.

– Дојдовме да им порачаме, ако мислите дека ќе не исплашите, не успевате во тоа, вистината и правдата се наша страна. Нема да не одвратат од намерата јасно и гласно да ги кажеме работите како што се.

– Со вакви одлуки се сака да се воведе едноумите, немаме намера да се откажеме од нашата кауза, Македонија е еворпска земја и таква ќе остане без разлика на напорите и желбите на некои глави во Македонија.

Надлежните мора да сфатат дека правдата ќе биде задоволена ако Кежаровски е на слобода. Алелирам да не ги повторуваат грешките, мора да го пуштат да се брани од слобода, рече Слаѓана Димишкова, претседател на Македонската Асоцијација на медиуми.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ