(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

Од:

Додека граѓаните пет недели чекаат безбедна вода за пиење, во Гостивар има нови случаи на заболени, а според информациите со кои располага СДСМ, регистрирани се и случаи на реинфекција.

Ова, според СДСМ, е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето сè уште не е ставен под контрола.

„Пет недели Гостивар е отруен. Пет недели граѓаните немаат безбедна вода за пиење, среде лето со пеколни температури. Пет недели Клековски и Мицкоски даваат различни изјави и ветувања дека проблемот е пред решение, а решение нема“, рече на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ.

Таа обвини дека власта си игра со здравјето на жителите на Гостивар, додека, како што наведе, околу 5.000 граѓани биле затруени.

Од СДСМ повторно прашаа зошто не се објавени анализите и извештаите за водата, како и кој донел одлука водата да се користи како техничка, иако, според партијата, било потврдено присуство на повеќе видови бактерии.

„Пет недели нема одговорност ниту од министерот за здравство Клековски, ниту од институциите кои потфрлија во заштитата на здравјето на граѓаните“, рече Штерјова.

Таа посочи дека опасноста од нови и реинфицирани случаи останува присутна до 20 август, рокот до кој министерот Клековски најави дека ќе бидат готови резултатите од дополнителните анализи.

„Јасно е дека на Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ не може да им се верува. Нивниот збор повеќе ништо не значи. Дозволија кризата да ескалира бидејќи задоцнија во секој чекор – од прогласувањето на епидемијата до преземањето мерки“, обвини Штерјова.

Од СДСМ велат дека новите случаи на заболени и реинфицирани граѓани се последица на, како што оценија, неспособноста на институциите навремено да реагираат.

„Ова што Владата на Мицкоски им го прави на граѓаните на Гостивар и на целата држава е директно загрозување на нивното здравје и на основното право на чиста и безбедна вода за пиење“, рече Штерјова.

Од СДСМ упатија прашање до Јавното обвинителство до кога ќе молчи и порачаа дека нема да дозволат случајот да биде заташкан.

„Одговорност за труењето на цел еден град мора да има – и политичка и кривична“, порача Штерјова.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте