(ВИДЕО) Николовски за снимките со Мицкоски и Кичеец: Се потврдува вистината, ова е основ за постапка за изборен криминал

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, посочи дека од аудио материјалот укажува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја излажал јавноста дека немал средби со Зоран Милески-Кичеец, бидејќи, тие директно и активно комуницирале. Николовски бара да се поведе постапка за овој случај, со цел, сите кои се вклучени во него, да понесат одговорнсот.

[ВО ЖИВО:] Прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

[ВО ЖИВО:] Прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Петок, 08 мај 2020

„Вистината денес силно излезе на виделина. Граѓаните на крајот дознаваат се. Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои упорно една година се пласираат од скапиот бел дворец за случајот познат како ‘Рекет’. Граѓаните денес слушаа како Христијан Мицкоски имал средби, разговори и директна соработка со Зоран Милески-Кичеец, сега веќе осудено лице во случајот познат како ‘Рекет’. Значи ја лажеше целокупната и цела јавност дека немал никакви средби со Зоран Милески. Мицкоски и Кичеец активно и директно комуницирале, очи во очи, преку средби и телефон, не преку ‘Петко, Станко’, како што самиот Мицкоски вели во објавената снимка, туку сосема директно“, рече Николовски на прес-конференција.

Тој вели дека објавените аудио снимки ја потврдуваат вистината, како и дека тие се основ за постапка поврзана со изборен криминал.

„Кичеец бил извршител на Мицкоски, односно обработувал за ВМРО-ДПМНЕ. Активно ја помагал ВМРО-ДПМНЕ и работел во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски го ангажира Кичеец во изборни цели, за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година. Оваа снимка, освен што ја потврдува вистината, може да биде основ за постапки поврзани со изборен криминал. Конечно, оваа снимка фрла око, вистинско светло на случајот ‘Рекет’ кој очигледно води директно до овој скап дворец платен од граѓаните, до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, кажа Николовски.

Според него, Мицкоски работи против правната држава и ги брани криминалите на Никола Груевски.

„Христијан Мицкоски ги лаже граѓаните. Дека е деструктивен, тоа сигурно го знаат. Денеска, на дело се докажува неговата спрега со тајкуни блиски до неговата ВМРО-ДПМНЕ. Само се потврдува зошто Мицкоски работи против правната држава, зошто ги брани криминалите на Никола Груевски, на режимот и зошто правеше се, наместо да се реформира, да ги блокира сите реформи во судството. Очекуваме целосно расчистување на овој скандал и одговорност согласно законите за сите инволвирани во овој случај, вклучително и оние од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов