(ВИДЕО) Николовски: Вложуваме во луѓето и во 2020 година, грижа и солидарност за сите во држава со светла иднина!

Од:

„Новогодишните празници се време да ги прославиме убавите моменти, да се присетиме на сите подвизи, резултати и достигнувања. Претходната година бележи историски успеси за нашата земја. Она што најмногу ме радува е што токму овие успеси значат подобар живот за нашите сограѓани и посреќни празници за безброј семејства.

Изминатата година докажавме дека можеме да го покачиме стандардот на живот во нашата држава, дека сме политичка партија која се грижи за сите подеднакво, создава просперитетна и сигурна иднина. Инвестиравме во најранливите граѓани, за конечно да ги извадиме од маргините на општеството. Инвестиравме во развој на економијата, во подобри услови за младите, тука, дома. Изградивме пријателски односи со сите соседи, ги запечативме границите и безбедноста на нашата држава, а македонскиот јазик и идентитет ги запишавме на меѓународната мапа“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Новогодишните празници се исто така време на надеж. Надеж и верба дека следната година ќе биде уште подобра и уште поуспешна. Затоа во 2020- та продолжуваме да вложуваме во она што е најважно – во луѓето. Да покажеме вистинска грижа и солидарност во текот на целата година, заедно да изградиме држава со светла иднина која со гордост ќе ја оставиме на следните генерации. Ви посакувам среќни празници, 2020 да биде година на добри мисли, добри дела, многу среќа, љубов и многу успеси“, посака Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он