(ВИДЕО) Николовски: Сите професионалци, чесни и угледни индивидуи, да ја искористат можноста за самокандидирање на пратеничките листи на СДСМ

Од:

„СДСМ започна постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници од независноста па до сега.

СДСМ е отворена партија! Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се дел од СДСМ, а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и имаат идеи да ги надградуваат нашите политики.

Ве повикувам, сите професионалци, чесни и угледни индивидуи, кои споделувате социјалдемократските вредности, и кои имате порив и определба да направите добро за својата земја, веќе од 7 февруари да доставите кандидатура за пратник или пратеничка. Програмата на СДСМ носи храбри решенија, приклучете се!“, рече Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ.

„На нашите кандидатски листи младите ќе бидат застапени со 30 отсто млади, а за првпат ќе воведеме целосна родова рамноправност од 50 отсо жени и 50 отсто мажи.

Нашите кандидати ќе го водат патот до победата на овие избори.

Ќе го унапредиме Парламентот уште повеќе, да биде Дом на сите граѓани, Дом во кој се носат прогресивни одлуки за доброто на народот, Дом кој ја влече земјата напред.

Сето она што го постигнавме досега, ни дава сигурност дека можеме да обезбедиме одговорно собрание, а со тоа и способна држава.

СДСМ е подготвен, СДСМ е модерна, европска, државничка партија која оди на победа на 12 април“, изјави Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он