(ВИДЕО) Николовски: Огромни злоупотреби со парите од проектот „Јапонска помош“

Од:

„Продолжуваме со објавување на вистината за незаконското работење во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и злоупотребите на институциите.

Огромен скандал е поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“. Фонд во висина од 12 милиони долари помош од Владата на Јапонија“, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во оставка.

„Наместо власта, преку МЗШВ, да ја користи оваа помош за бескаматни кредити за земјоделците, за набавка на трактори, документите коишто денеска ги објавувам покажуваат огромни злоупотреби со парите од овој Фонд, на штета на земјоделците.

Овој Извештај на Комисијата за управување на средствата од помошта од Јапонската влада покажува дека на фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ, од жиро сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на 3 милиони денари (односно околу 50.000 евра) за месечен паушал и наплата на долг. Дополнително од оваа сметка повлечени се нови околу 9 милиони денари (околу 150.000 евра), пари за кои Комисијата на министерството констатира дека нема покритие како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. И за тоа писмено го информира министерот Цветков на 30.09.2015 год.

Затоа тој има обврска да го објасни на јавноста тоа што го констатирала токму комисија формирана од негова страна:

Како тоа може без покритие од сметка на министерството што е наменета за прибирање на странска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие?

Во која друга држава ова е можно да се направи и да се молчи за истото?

Врз која основа се повлечени овие средства?

Во чии џебови се завршени овие стотици илјади евра?

Сега е јасно зошто откако поранешниот и аболициран министер Љупчо Димовски застана да го води министерството, застана и имплементација на „Јапонската помош“.

Објавувањето на огласи за механизација со безкаматни средства од 2009 година наваму НЕМА.

Спротивно на Одлуката на Владата на РМ, аболицираниот Димовски не формирал комисија за прибирање и користење на средствата од Фондот во 2010 година.

Но, затоа склучил договор со приватна компанија за наплата на побарувањата од корисниците на Јапонската помош. Еве го договорот со ФАКТОР КОНСЛАТИНГ.

Ова е само еден пример како миленциите на власта и тие што одработуваат за неа се дебело наградени на штета на вистинските земјоделци.

Вклучително и преку оваа странска помош добивајќи трактори кои не ги плаќаат а притоа спротивно на закон земаат и огромни субвенции.

Токму поради ова вистинските земјоделци не можат да бидат корисници на Јапонската помош и не можат редовно да добиваат субвенции.

Затоа од 2009 наваму нема огласи за користење на средства преку овој фонд од Јапонската Влада.

А со тоа се спречува и отварање на нови извори на финансирање на нашето земјоделство од Јапонија.

Сето оваа е на огромна штета и на нашиот имиџ и углед како земја и дополнителна причина дека аболиција за криминалци не смее да има.

Барам одговорност за направениот криминал!

Барам Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства“, изјави Николовски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп