(ВИДЕО) Николовски: Објавата на избирачкиот список покажа, злосторничката банда е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Јавноста виде дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале целосно криминални избори, преку корупција, фантомски гласачи и злоупотреби на државни институции. По јавното објавување на Избирачкиот список,  се виде големиот број на лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно покажува дека планот бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се виде за каква злосторничка банда се работи, какви изборни измами правела.

Ја повикуваме Државната изборна комисија што побрзо да даде инструкции а граѓаните да го искористат своето законско право да пријават неправилности, но да доставуваат информации и до МВР, за да се покренат соодветни постапки.

Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел