(ВИДЕО) Николовски: Нестручноста на Поповски е закана за здравјето на младите

Од:

„Признанието на скандалот кој ја тресе АХВ добива нови размери. АХВ уште повеќе се заплеткаа во сопствената мрежа од нестручност и некомпетентност.

Прво, згрозени сме од немањето на капацитет и основно незнаење за тоа дали некој пропис по кој самите работат е во правна сила или не.

Имено, директорот на АХВ очигледно незнае дека во септември 2015 година самиот донел нов правилник со којшто е ставен вон сила правилниот на кој се потпираа АХВ во нивната небулозна реакција.

Второ, ако биле компетентни, тие ќе знаеле дека стручното лабораториско мислење и анализа од Институтот за јавно здравје на РМ се однесува токму на комбинацијата на алкохол со висока количина на кофеин и влијанието врз човечкиот организам, а не на означувањето.

Трето, неточно е дека ова стручно мислење не е на барање на АХВ. Примерокот е земен од нивен инспектор од граничен премин Блаце и истиот од агенцијата е доставен до Институтот за јавно здравје. Еве го бројот на барањето и иницијалите на инспекторот кој го зел примерокот, ги добил анализите и морал да преземе законски мерки.

Врз основа на сето ова, јавно го прашувам господинот Поповски, кој дозволил на пазарот во Македонија во февруари да влезе пратка и да се продава алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин, кој претставува закана за јавното здравје на граѓаните, а посебно на младите?

Зошто не е почитувано стручното мислење добиено од Институтот за јавно здравје од 12.02.2016 година, кој е највисока научна институција во областа на безбедноста на храната и јавното здравје во Македонија?

Граѓаните мора да ја знаат вистината. Нивното здравје и нивните животи не смеат да се остават на случајност и на некомпететноста и нестручноста на институциите.

Одговори мора да има, без калкулации, без компромиси“, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

МЗШВ: Европската Комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“