(ВИДЕО) Николовски: Криминално спроведен тендерот за браната „Конско“ вреден 33 милиони евра

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски тврди дека јавниот оглас за изградба на браната „Конско“  и постапката за избор  се проследени со неправилности,  нејаснотии и сомнителни одлуки.

Николовски денеска изјави дека огласот е објавен незаконски без одобрение од Владата за повеќе годишно финасирање, што е законска обврска, и потенцира дека постапката е почната во 2013 година.

Според Николовски, Комисијата за јавни набавка во Министерството предложила да се поништи постапката за доделување  договор за јавна набавка за изградба на браната, но, како што рече, министерот Цветков со допис наложил комисијата да ја продолжи постапката и да изврши евалуација на пристигнатите понуди.

Во втората фаза од постапката кога се доставуваат финансиските понуди на 2 март е доносена одлука за избор на турската фирма СЕРКА ТААХУТ ИНСААТ А.С со понуда од околу 22 милиони евра без ДДВ, но, наведе Николовски, подоцна поради сите неправилности Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништила таа  фаза од постапката.

– Во фаза кога веќе се знаат финансиските понуди на сите понудувачи, Министерството како договорен орган наместо да ги искористи законските можности и да го поништи огласот во целост и да објави нов оглас, се оди по втор пат на доставување на финансиски понуди од истите понудувачи што веќе еднаш имаат доставено понуди, рече Николовски и додаде дека и вториот пат тендерот го добила истата турска компанија но сега за истата работа дава понуда од над 33 милиони евра без ДДВ, рече Николовски.

Побара нова постапка за јавна набавка на браната „Конско“ со што, според него, ќе се овозможи рационално и ефикасно искористување на средствата од Буџетот на Република Македонија, а институциите да го расветлат случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он