(ВИДЕО) Николовски: Најголем дел од граѓаните одлучуваат да остануваат дома и тоа е она што го очекуваме во недела

Од:

Власта реши да дискутира за се освен за содржината на договорот. Второ дека бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека нити е зачувано името на државата, нити е зачуван македонскиот национален идентитет. А, од друга страна немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Следната работа која што е факт е дека одбегнуваат да ги прикажат на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека се забележува оти се оди во акт на нервоза и паника во последните денови и оти има силни притисоци кон луѓето да излезат и да гласаат онака како што власта очекува.

– Се прави притисок на јавната администрација, се прави и притисок на приватниот бизнис и тој притисок е се поочигледен и се поголем. За среќа на Македонија наидува на силен отпор помеѓу граѓаните и последното навистина што загрижува се идеите да се направи фалсификат на самиот ден на гласање, затоа што Собранието не дозволи да има официјални набљудувачи од страна на политичките партии кои што би можеле да реагираат на евентуални неправилности. Но и тоа нема да помине имајќи предвид дека граѓаните се организираат да ги мониторираат и набљудуваат овој процес како што имаме информации преку разни здруженија на граѓани. Но исто така ќе бидат будни и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и секој евентуален потег или желба да се фалсификува волјата на граѓаните или да се намести самиот процес ќе наиде на силен и масовен отпор од страна на народот, рече Николоски.

Според него значаен дел од граѓаните се против договорот и дека очекува оти најголем дел од нив ќе останат дома во недела.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Николоски не очекува промената на власта во Србија да влијае на инфраструктурните проекти меѓу двете земји

Катерина Ѓуровски

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје