(ВИДЕО) Николовски: Мора да има одговорност за ширењето на болеста „Чвореста кожа“

Од:

„Криминалното владеење и неспособноста на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на сточарите.

Агенцијата за храна и ветеринарство, уште во 2015 година имала сознанија за појава на болеста „Чвореста кожа“ кај говедата во регионот и ништо не презела.

Затоа деновиве болеста масовно се прошири низ државата а сточарите се оставени сами да се снаоѓаат. Тоа е недозволиво“, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во оставка.

„Одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство мора да понесат одговороност за ширењето на оваа болест во Македонија.

Единствена мерка што во 2015 година ја презела АХВ е Решението за забрана за увоз и транзит на говеда, семиња, говедско месо, производи и преработки од говедско месо и млеко. (Сл.весник на РМ бр 163 од 21.09.2015 г).

Денес кога болеста масовно се шири и секојдневно се утврдуваат нови жаришта на болеста во државата, наместо интервентна вакцинација, активностите на АХВ се сведуваат на делење упатства, летоци и совети на сточарите.

Доколку уште минатата година се превземеа подготвителни активности ќе се спречеа економските штети кои им се нанесуваат на сточарите поради убивањето на животните, намалената млечност и прирастот во месо.

Криминалниот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја доведе Агенцијата во огромни долгови.

Ние неколкупати алармиравме за огромните финансиски долгови на АХВ кон ветеринарните друштва, лабораториите и сопствениците на убиените животни при спроведувањето на мерките за здравствена заштита.

Деновиве оваа состојба најдиректно се отчитува на терен, каде ветеринарните друштва, не се подготвени да ги спроведуваат најосновните превентивни мерки за заштита на животните од заразни болести како и сузбивање на истите.

Барам веднаш да бидатат исплатени парите за уништените животни на сопствениците и веднаш да бидат подмирени долговите на ветеринарните друштва.

За неподготвеноста, за нанесените штети и оваа хаотична состојба одговорност мора да има“, вели Николовски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп