(ВИДЕО) Николовски: Кој дозволи да се продава пијалок којшто е закана за здравјето на граѓаните?

Од:

„Во интерес на граѓаните отвораме нови случаи како резултат на нашата контролна улога во институциите.

Здравјето на граѓаните и на младите е најважно и секогаш треба да биде наш приоритет.

Но, според информациите и документите доставени до мене, очигледно тоа не е така за надлежните.

Денеска, барам одговори од директорот на агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

Г-дине Поповски, кој дозволил на пазарот во Македонија во февруари да влезе пратка и да се продава пијалок кој претставува закана за јавното здравје на граѓаните, а посебно на младите?

Бараме одговор, што е превземено по стручното мислење добиено од Институтот за јавно здравје од 12.02.2016 година?

Како и по кој правилник или одредба од законот преку АХВ е дозволено на пазарот во Македонија да се најде производ алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин?

Дали за оваа пратка од февруари АХВ има донесено решение за повлекување, уништување, ставање вон промет или други мерки?

Директорот Поповски е должен веднаш да одговори на овие прашања.

Врз основа на Законот за безбедност на храна, Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежна и одговорна да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и интересите на потрошувачите во однос на храната.

Граѓаните мора да ги знаат одговорите. Јас и мојот тим нема да дозволиме никој да си игра со нивното здравје“, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“