(ВИДЕО) Николовски: Државата мора да го гарантира откупот на грозјето

Од:

Како дополнителен заменик министер уште пред пет дена одовде, од Тиквешијата, побарав инспекторите да престанат со малтретирање на лозарите и со манипулациите со примената на измените на законот за вино. Побарав Владата веднаш да донесе интервентни мерки за откуп на вишокот заради стабилизација на пазарот. Побарав државата да биде гарант на откупот, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

И добро е што нашиот притисок над Владата почнува да дава резултат. Но мерката за помош на винарските визби односно откупувачите, која се однесува само на ограничено количество откупено грозје и тоа само од сортата вранец, не значи ништо за лозарите. Нема никаква директна поддршка во цената што треба да ја добијат, а да не зборуваме за исплата на штетата што лозарите ја претрпеа од несобраното грозје коешто досега остана да калира.

Владата, наместо законското решение за исплата за 3 месеци, преку ноќ го смени законот и предвиде исплатата на лозарите да се врши од 6 до 8 месеци по предавањето. Да биде трагедијата поголема, огромен број лозари немаат добиено пари ни за предаденото грозје од минатата година.

Нам ни се потребни системски, а не ад-хок решенија, затоа што Министерството мора да ги има сите анализи и инфорамции за производството на лозарите, залихите на визбите и потребите на пазарот.

Нема да дозволиме оваа мерка на Владата да биде само инструмент за остварување на лични интереси на поединци од власта вклучени во овој бизнис и за уцени и притисоци над лозарите пред избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он