(ВИДЕО) Николовски: Цветков го загрозува здравјето и на граѓаните

Од:

„Пред шест месеци алармиравме дека долговите на Агенцијата за храна и ветеринарство и државата кон 77 ветеринарни друштва се над 200 милиони денари, што претставуваше опасност за функционирање на друштвата, здравствената заштита на животните и сточарството во целина и континуирано правевме притисок за исплата на истите.

До денес ниту едно ветеринарно друштво не е исплатено за извршените активности поврзани со болеста Јазлеста кожа.

Ниту еден денар не е исплатен на ветеринарните друштва кои ги спроведуваа сите мерки на теренот (дијагностика, вакцинација, изолација, дезинфекција, нештетно отстранување на заболените животни и сл.) и имаат трошоци за работна рака, вработени, плати, возила, заштитни средства и облека.

Има ветеринарни друштва на кои не им се исплатени фактури по две или три години. Дури на некои од нив се бара кратање на средствата за извршената работа.

Бараме ветеринарните друштва веднаш да бидат целосно исплатени. За таа намена средства има и во буџетот на АХВ и во програмата за директна поддршка за земјоделството.

Ваквите политики во земјоделството се најдобар доказ за негрижата на власта кон сточарите и ветеринарите. Ваквата погубна политика резултира со десеткуван сточен фонд, банкротирана ветеринарна служба, забрана за извоз и зголемен увоз на храна.

Затоа, за надминување на оваа состојба, предлагаме две конктретни мерки кои Владата мора да да ги преземе:

Прво, Исплаќање на средства за извршените услуги од јавен интерес на ветеринарните друштва најдоцна до крајот на годината за тековната година со годишна корекција на цените. Потсетуваме дека во последните осум години, таква корекција не е направена.

Второ, Намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 % за ветеринарните лекови што ќе претставува големо олеснување како за сточарите така и за ветеринарните друштва кои ќе можат да ги направат нивните услуги подостапни за клиентите“, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска