(ВИДЕО) Николовски: АХВ мора да сноси одговорност за труење на младите

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска побара Агенцијата за храна и ветеринарство сериозно да се заземе за решавање на, како што рече, проблемот со сомнителните пијалоци кои се продаваат низ државата, а од еден од нив, деца завршиле во болница.

– Агенцијата за храна и ветеринарство со леснотија го прогласи пијалокот за безалкохолен и ја префрли вината на лицата што го конзумирале без да спроведе лабораториски тестирања на истиот, а за добиените резултати ја информираат јавноста, изјави Николовски.

Тој обвини дека АХВ нема донесено правен акт којшто треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка. Според него, во најголем дел од државите како во Србија, Босна и Херцеговина и во САД има правилници во кои енергетските пијалоци се правно регулирани.

– Ние веќе алармиравме, дека во Македонија се продаваат пијалоци со сооднос на кофеин и алкохол што не е дефиниран во ниеден правилник. Презентиравме стручно мислење од Институтот за јавно здравје, како највисока научна институција од областа на безбедноста на храната и јавното здравје во РМ, за еден таков пијалок што претставува закана за јавното здравје, посочи Николовски.

Би можело да ве интересира

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети