(ВИДЕО) Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта

Од:

„Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема се поголем замав. Од вкупно 31 доделена лиценца, од кои само 10тина се доделени во месец декември, поголем дел од нив се доделени на фирми чии сопственици се блиски до Владата на Заев и СДСМ.

До сега презентиравме две фирми блиски и поврзани со Владата на Заев и СДСМ, фирмата на синот на познатиот Ванчо Деликатес и фирмата на сопственикот на Делукс Ауто Бобан Спасовски, денеска ќе презентираме и трета фирма која што добила лиценца доделена од Владата на Заев“, рече Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата Канналифе ДОО Ивањевци Могила е една од фирмите која добила лиценца, инаку фирма чиј сопственик е фирмата АрЕкспорт Струмица, чиј краен сопственик е Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, сопственикот на НИКОБ обезбедување.

Инаку НИКОБ обезбедување важи за фирма блиска до Владата на Заев и СДСМ, и има добиено бројни тендери од Владата, при кој најпознат е тендерот во вредност од околу 3 милиони евра каде што ја обезбедуваат Владата и уште 30тина државни институции.

Владата на Заев доделува лиценци на свои блиски фирми, без размислување дали предизвикува хипер инфлација на лиценци или дали се исполнуваат критериумитеза доделување на такви лиценци.

Целата хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис треба да бидат предмет на ревизија дали сите компании ги исполнуваат условите или не.

Скандалот “Канабис-милионите на Заев” мора да се истражи во детали и да се утврдат сите прекршени процедури во доделување на лиценците.

Одговорност после 12 април мора да има. Заев и СДСМ се виновни за се што и се случува на државата. Но она што е добро, што никогаш повеќе нема да и се повторат на Македонија“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава