(ВИДЕО) Николовска: Измина уште еден месец, а нема исплата на средствата за студентски оброк

Од:

„Измина уште еден месец во кој студентите не добија никаква исплата на средствата за субвенционираниот студентски оброк. Наместо прослава и награда за успешниот крај на семестарот, завршување на испитната сесија и останати академски и професионални успеси, студентот во Македонија повторно е жртва на индиферентноста на властите кон младите и студентскиот живот“, рече Александра Николовска, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доцнењето на исплатата за месец јануари дури и на почетокот на третиот месец, по којзнае кој пат докажува дека поддршката на власта за студентите, студентскиот живот и стандард е само декларативна и наменета за личен маркетинг.

Кога властите секојдневно докажуваат дека не се способни да ја изградат иднината за младите и новите генерации, треба да си заминат и да престанат да си поигруваат со нашето трпение.

Наместо барање слепа послушност, конструктивност и премолчување пред колапсот на системот и институциите, властите треба во нас да го препознаат потенцијалот, креативноста и капацитетот за градење на поубаво и здраво општество.

Наместо вложување на десетици илјади евра во спонзорирани објави, како и проекти и мерки наменети за личен бенефит, апелираме до надлежните под итно да почнат да се занимаваат со реалните проблеми со кои се соочуваат студентите и младите. И ние, како и секој друг граѓанин на Македонија, заслужуваме достојни и соодветни услови за живот“, изјави Александра Николовска, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина