(ВИДЕО) Николовска: Дескоска дава стипендија за ќерката на Димитров, Димитров ја предлага Дескоска во Венецијанска комисија

Од:

„Рената Дескоска продолжи со прекршување на законите. Дескоска е незаконски номинирана за претставник на Македонија во Венецијанската комисија.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција заради номинирањето на Дескоска во Венецијанска комисија.

Членот 2 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси вели „Под судир на интереси се подразбира состојба во која службено лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасно вршење на неговите јавни овластувања и службени должности“, рече Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заради ова, очекуваме во најбрз можен рок, антикорупционерите да го разрешат овој случај на судир на интереси.

Индикативно е следново, практично предлогот во Венецијанска на меѓународно ниво го доставува МНР на Никола Димитров, откако тука се самопредложи Дескоска кај Заев.

Дали ова значи враќање на услугата од страна на Димитров кон Дескоска, затоа што Дескоска и даде стипендија во Холандија на ќерката на Димитров кога беше министер за образование и тоа во висина од над 40.000 евра?

Состојбата на судир на интереси е создадена во моментот кога МНР ја известува венецијанската комисија за номинирањето на Десковска. Десковска доколку ги почитувала законите требала да се повлече од една од двете функции.

Впрочем и статутот на венецијанската комисија налага независност и забрана нејзините членови да примаат инструкции од надвор. Тука пред се се мисли на државите од кои што тие доаѓаат.

Ваквите скандали и афери со кои се нарушува меѓународниот углед на Република Македонија мора да запрат и ќе запрат на 12 април. Институциите мора да се ослободат од притисокот на Зоран Заев и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон. На 12 април граѓаните ќе стават крај на хибридниот режим. Зоран Заев, никогаш повеќе“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски