(ВИДЕО) Николова: СДСМ успешно менаџира со кризата, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади но и тие ќе бидат поразени

Од:

„СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, успешно се справува со последиците од глобалната економска криза. Се реализира пакет од 26 антикризни мерки за помош и поддршка на граѓаните и економијата, а преку одговорни политики, ќе се заштедат дополнителни сто милиони евра кои во иднина би се искористиле за нови антикризни мерки“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„И додека СДСМ се бори против последиците од кризата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидуваат по секоја цена да ја закочат работата на институциите. Помина една недела од најавените нови засилени блокади на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не успеаја.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски го одолговлекуваа усвојувањето на дневниот ред, правеа хаос на седниците и на крај ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо, но затоа нанесе штета врз граѓаните.

Над 17.000 тутунари се уште се без субвенции затоа што од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата закочена е работата на Комисијата за земјоделство, иако во Буџетот има обезбедено средства за исплата на субвенциите.

Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново. Тоа го гледавме и во време на пандемијата со коронависрусот, и кога се зголемуваа платите и пензиите, но и кога државата стануваше полноправна членка на НАТО Алијансата.

И тогаш како и сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата и се обидуваа да го закочат напредокот.

Откако им пропадна првичниот обид за блокада на Собранието, денес ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади и деструкции, со цел по секоја цена да направат штета врз државата и да ги задоволат личните желби на Мицкоски.

Но во белиот дворец треба да знаат дека и овие нови деструктивни идеи за блокада ќе бидат поразени, СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на себичните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ повторно ќе ги порази нови деструктивни постапки на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз граѓаните, економијата и државата.

Во време на криза, кога сите капацитети треба да бидат ангажирани во справување со последиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат барем малку одговорност и да се откажат од блокадите и деструкциите.

Мицкоски да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, криминалецот во бегство кој и повеќе од очигледно дека целосно ја контролира партијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, заробена партија во криминал и режимска матрица чие дејствување е на штета на граѓаните и државата“, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ