(ВИДЕО) Николова: Од дива депонија изградивме детски парк и игралиште во Аеродорм

Од:

Градската и општинската власт предводени од СДСМ интензивно вложуваат во урбанистичкото уредување на општина Аеродром, вели Даниела Николова од општинската организација на партијата во Аеродром.

„Моментално се наоѓаме во наслеба Мичирун каде токму на оваа локација, до лани се наоѓаше дива депонија стара повеќе од 20 години. Минатата година Град Скопје со помош на ЈП Улици и патишта исчисти над 15.000 кубни метри отпад. На локацијата која зафаќа површина од 6.000 метри квадратни изградивме прекрасен парк со детско игралиште и паркинг простор кој ќе го стопанисува ЈП Градски паркинг со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Во паркот со помош на ЈП Паркови и зеленило се засадени над 530 садници од 8 различни видови ниско и високо стеблесто зеленило“, вели Даниела Николова, од ОО СДСМ Аеродром.

„Овој парк ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини, но и светлечка уметност која беше претставена на фестивалот на светлината организиран од градот две години по ред. Како одговорна партија упатуваме апел до нашите сограѓани да видат грижа за животната средина и да одржуваме чиста и здрава околина. Во таа насока Град Скопје ќе прави засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање на диви депонии на истите места каде што биле и секое несовесно однесување со отпадот треба да биде најстрого санкционирано. СДСМ како партија е посветена кон создавање еден поубав град, полн со насмевки и можности. Продолжуваме со континуирано вложување во урбанистичкото разубавување на градот. Работиме уште повеќе за да биде уште подобро“, додава таа.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски