(ВИДЕО) Николова: Ако Владата не дозволи референдум за амнестија, ќе ги блокираме сите улици

Од:

Граѓанската иницијатива која бара да се донесе закон за амнестија на осудениците, денеска протестираше пред Собранието на РМ.

На протест се собраа за позитивен одговор од претседателот на Собранието, Вељановски, за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи, со што би се донел Закон за амнестија.

Како што рече Мери Николова добрата вест е дека документацијата испратена од Иницијативата до Собранието е уредна.

– Благодарение на издржливоста на осудениците во сите 9 затвори и нивниот штрајк со глад, експересно, во рок од 24 часа, добивме позитивен одговор. Истата документација, утре ќе биде потврдена во двете комисии. Доколку утре до 14 часот до Владата се испрати позитивно то ммислење на Собранието, Владата може – доколку сака, во рок од еден час да ја извести Државната изборна комисија дека може да започне распишување на референдум. Во законот не постои рок за одговор од Владата до ДИК, кога веќе не постои рок, затоа сме ние сите овде, рокот сами да го побараме.

Даваме време од 24 часа, доколку Владата не одговори позитивно до ДИК, ние сме подготвени да ги блокираме улиците деноноќно со камиони, автомобили. Никој нема право да го ускаратува нашето граѓанско право, рече Мери Николова од Иницијативата за амнестија на осудениците.

Таа упати порака до осудениците во македонските затвори кои штрајкуваат со глад, да го прекинат штрајкот, бидејќи немаат соодветна здравствена заштита и Иницијативата ја презема нивната борба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски