(ВИДЕО) Николов: СДСМ остави да не функционира 2 дена одделот за хематологија на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје

Од:

Неодговорноста на СДСМ кон здравството деновиве кулминираше. Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден повеќе од 24 часа на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје не функционираше одделот за хематологија, а децата беа принудно префрлани на други оддели, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„На одделот за хематологија се лекуваат специфични болести на крвта. Тие болести бараат специјален третман, што вклучува изолација. Детската клиника сервисира голем број на пациенти и истата не смее да се дозволи да биде во нефункционална состојба.

СДСМ едно ветуваше од опозиција, друго прави од позиција на власт. Граѓаните и здравствениот персонал очекуваат од СДСМ да ги оствари ветувањата за здравството. Наместо остварување на ветувањата имаме целосна безидејност и неработливост.

Министерството за здравство мора да обезбеди услови за нормално функционирање на здравствените установи. Здравствените установи и здравството во целост се оставени сами на себе. Власта не оствари ниту едно од предизборните ветувања. Нема поголеми плати за лекарите и медицинскиот персонал, има недостаток на лекови за ретки болести и инсулин, медицинските апарати не се сервисираат редовно и истите честопати се нефункционални, а зaменувањето и исчезнувањето на бебиња од ГАК стана наше секојдневие. Сето ова кулминираше со затворање на еден важен оддел на Клиниката за детски болести.

Здравството стана целосно нефункционално. Бидејќи едно се ветуваше, а друго се прави.

Имено во буџетот за 2018 година предвидоа покачување за 20% на дневниците на функционерите на владата, додека за лекарите специјалисти само 5% или точно 1.500 денари и тоа од септември 2018 година. Целосно заборавајќи на останатиот медицински персонал, медицинските сестри и техничари, кој се неопходни за еден здравствен систем. Токму тоа е причината што сега повеќе делови од здравствениот систем запаѓаат во проблеми и не можат да функционираат.

Тоа е причината, што наместо напори за задржување на здравствените работници, се забрзува нивниот егзодус, а манипулациите и реваншизмот на

СДСМ само доведуваат до целосна демотивираност и апатија на оние доктори, специјализанти, медицински сестри и техничари кои што и понатаму остануваат во здравствените јавни здравствени институции.

Зарем ова е животот што го ветуваше СДСМ, зарем на овој начин ќе ја вратиме довербата во здравствениот систем и ќе ги задржиме лекарите во земјата“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството