(ВИДЕО) Николов: Низа на директори, ама никој не се грижи што нема лекови за граѓаните и плата за здравствените работници

Од:

„Половина месец има крах на Фондот за здравство, а со тоа и на целиот здравствен систем. Граѓаните значи не можат да добијат лек на рецепт иако цел живот плаќаат здравствено осигурување, не се исплаќаат боледувања, нема плати за здравствените работници. А нема ни министер за здравство“, рече Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сликата денес говори дека двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не можат да се видат во јавност. Едниот наводно шета надвор од државата, а токму тој самиот во својата биографија има наведено дека има напредни вештини од ИТ технологијата. Освен овие двајца, ни трага ни глас нема ни од уште деветте секторски директори, како и од седуммината членови на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

Покрај толку директори и разни функционери во Фондот, ги нема нити директорите на јавните здравствени установи. Ниту еден функционер не се загрижи за вработените што не може да земат плата во законски предвидениот рок.

Се почнува со приказни за некаква транспарентност. Ниту премиерот Димитар Ковачевски не е загрижен, а не се знае кој и што прави со морето на податоци од Фондот за здравствено осигурување.

Оттука бараме одговорност од сите функционери кои можеле, а не го спречиле овој крах на здравствениот систем.

Ваков распад на системот се нема случено до сега! Затоа оваа неспособна гарнитура предводена од СДСМ и ДУИ мора да замине“, изјави Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски