(ВИДЕО) Николов: Нашата визија е од општина Радовиш да создадеме европска и модерна општина

Од:

„Нашата визија е од општина Радовиш да создадеме европска и модерна општина. Создавање бизнис клима и услови за живот. Со реални проекти и мерки кои ќе произлегуваат од потребите на граѓаните.

Се бориме за подобра општина Радовиш!

Новите проекти кои ќе допринесат за подобар живот на сите нашите сограѓани се следниве:

1. Реконструкција на постојниот плоштад во современ градски плоштад.

2. Изградба на спортска сала во с. Подареш.

3. Целосно уредување на речното корито на Радовишка река од пречистелната станица до Канлиевата Воденица во должина од 4,5 километри.

4. Изградба и уредување на речното корито на Оравиочка река во с. Ораовица.

5. Изградба на целосна инфраструктура во УБ 9, 9Б и УБ15.

6. Изградба на нова зграда на местото на старото Собрание во УЗ 1.

7. Изградба на детската градинка во У3 5.

8. Изградба на нов мост на радовишка река помеѓу првата и четвртата урбана заедница.

9. Воведување на зонско паркирање и изградба на нови паркинзи во градот.

10. Изградба на спортски сали во с. Ињево и во с. Злеово.

11. Изградба на нов цевковод и нов резервоар со кој трајно ќе го решиме водоснабдувањето во општина Радовиш“, изјави Сашко Николов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Радовиш.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он