(ВИДЕО) Николов: Филипче питачи за вакцини кај стигне, сега е пред врата кај Кинезите, вакцини нема

Од:

„Вакцина против корона ќе има на време. Со донација на вакцини од соседните пријателски држави, за кратко ќе почне процесот на вакцинација. Ова Филипче го кажа во октомври и декември минатата година“, рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Првично ќе има вакцини од КОВАКС механизмот. Вакцините од КОВАКС механизмот не се на повидок.

Директно преговараме со фирмите производители на вакцини. Нема никакви вакцини, нити договор со некој од производителите. Вакцини на Фајзер ќе ни ги дадат соседите. Никој од соседните држави не ни даде вакцини, дури и оние кои што можат да ни дадат не можеме да ги примиме, иако за нив се моли уште од декември минатата година.

Чекаме одговор од Кина за вакцините против Ковид–19. Ова е последната изјава на министерот за здравство. A замислете, Кина сакала да даде 90 илјади вакцини, ама истите ги нема заради тоа што некој од министертвото за здравство молчел!

Вакво менување на изјави познато како лажење покажува само едно- интерес за здравјето на граѓаните нема или е на многу ниско ниво! Едноставно е – вакцините за Ковид-19 кои се значајна алатка во борба со епидемијата со корона во Македонија ги нема. Прашуваме јавно, кој одлучи граѓаните да бидат оставени само на вакцините од КОВАКС, наместо на време да се активираат сите механизми?

За неколку месеци граѓаните и медицинскиот персонал се изнаслушаа само на различни изјави и различни лаги.

Бројката на заболени од корона одамна надмина 90 илјади заразени, бројката на починати се движи кон три илјади, во Британија и во соседството има нова мутација на корона вирусот која според информациите се шири со голема брзина.

Во меѓувреме граѓаните во Македонија се оставени сами на себе, лекови тешко се наоѓаат или недостасуваат, вакцини нема. За ваквата состојба одговорност мора да има!“, изјави Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус