(ВИДЕО) Николов: Филипче е најповиканиот на одговорност, зошто нема основни одговори од кој материјал се градени болниците и како горат за две минути

Од:

Зоран Заев и Венко Филипче се најповикани за случајот во Тетово каде што изгоре модуларната болница. Засега никој не одговара, ниту не превзема одговорност, ниту дава оставка, ниту некакви точни одговори, изјави денеска Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поминаа десет дена откако изгоре модуларната болница во Тетово. Има 14 жртви, можеби и повеќе, а се уште не се знаат никакви детали. Надлежните не покажаа ниту трунка морал, ниту трунка доблест. Се уверивме дека за нив човечкиот живот не значи ништо, а одговорност е мисловна именка. За нив ништо не значат човечките животи, не чувствуваат морална одговорност, оставки не даваат, освен што играат во ПР орото на Зоран Заев. Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори наместо да молчат“, изјави Николов.

Тој постави повеќе прашања до надлежните:

За почеток, кој е крив што се уште нема одговор од кој материјали биле изградени модуларните болници? Кој е крив што она што требало да издржи два часа во најлош случај, изгоре за две минути?

Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

Дали министерството за здравство побарало и наложило спецификации и соодветни стандарди за градба на модуларните бараки? Стандарди според кои во нив ќе можат да се лекуваат пациенти и по 24 часа во текот на денот, во услови во ваква модуларна градба.

Kолку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува на добиениот производ?

Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

Дали е нормално здравствена заштита во состојба на епидемија во инфективна болница да даваат членови на семејства на пациентите?

Каде да пријават тие кои што тврдат дека им е барано мито? И дали е барано мито за нега и грижа за болните?

Кој од власта се заканува на роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува и им сугерира и кажува што да сведочат?

И последно, што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

„Едноставно е, и тоа го знае секој оној кој има малце морал и малце чувство на одговорност фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината. Потребен е морал, доблест и етика. Функциите се менливи и минливи“, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања