(ВИДЕО) Николов: Филипче досега покажа само способност за сомнителни тендери и некакви физибилити студии

Од:

„Деновиве се соочуваме со врвот на епидемијата на морбили. Бројката на заразени и оние кои што ги манифестираат симптоми го достигнува максимумот, а од министерството за здравство единствено се зборува за некакви физибилити студии.

Тендер министерот Филипче до сега покажа само способност за некакви сомнителни тендери и некакви физибилити студии за таканаречено јавно приватно партнерство во кое што услугите од јавното здравство се пренесуваат во приватното здравство.

Мандатот на тендер министерот за физибилити студии помина во знакот на изработка на тендерски документации, на физибилити студии од кои што не се добиваат никакви информации, и се единствено обид за прелевање на народните пари во приватни компании и приватни болници“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Последен од низата сомнителни тендери кој што тежи околу 14 милиони евра за стерилизација, е оној за стерилизација на хируршките инструменти и материјали. Повторно се отвора прашањето дали ова е пат за отворање на корупцијата и пат за отворање на криминал во секторот здравство?

Тендер министерот за физибилити студии неделава ја информираше исто така јавноста за некаков план за приватизација на здравството, во кое што говореше за физибилити студија за ПЕТ центарот, физибилити студија за Итната медицинска помош и ин витро фертилизација на Клиниката за гинекологија и акушерство. Единствено не добиваме никакви информации до каде е проектот за новиот клинички центар, каде ќе биде лоциран и кога мислат и планираат да ја информираат јавноста за тоа.

Министерот и понатаму најави и нови физибилити студии за јавно приватно партнерство, концепт кој што тој така го нарекува и концепт кој што го планира за лабораториите, го планира за радиологија и радиохирургија, како и за менаџирање на цели болници. Но секако не дава никакви детали. Така, самиот рече дека треба да се види како ќе функционираат по овој концепт Градската болница, новата болница Мајчин дом, како и цели болници како што се болниците во Штип, Струмица, Прилеп или Битола.

Ова е единствено концепт од 1994 година, кога се спроведе криминална транзиција на капиталот, кога јавното добро се транзитираше во приватен капитал.

Министре, Должни сте да одговорите на граѓаните. До кога ќе се даваат пари за физибилити студии, до кога ќе чекате и ќе чека министерството извештаи од овие физибилити студии за да види дали треба нешто да работи? Ова однесување покажува само едно – покажува лош менаџмент, очекување друг да ја заврши работата, грижа за лични интереси и негрижа за граѓаните.

Имено во последната најава за тендерска приватизација на процесот за стерилизација се наведува дека ќе се добие приватна фирма која ќе има монопол за набавка на хируршки инструменти, и за стерилизација на хируршките инструменти, за стерилизација на облеката лицата кои што влегуваат во операционите сали, стерилизација и дезинфекција на операционите сали, па се до грижа за медицинскиот отпад! Се поставува прашањето, дали доколку се појави инфекција, дали доколку се развие епидемија повторно, одговорноста ќе биде на компанијата која што го добила тендерот или не некој друг.

Тендер министерот за физибилити студии покажува дека освен за богатење на компании блиски до СДСМ и до владата не се занимава и не го интересира ништо друго и не го интересира здравјето на граѓаните.

Го повикуваме министерот за физибилити студии да спроведе физибилити студија за функционалноста на оваа влада и прв да ја понесе најавуваната метла почнувајќи од себе се друго во министерството за здравство“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски