(ВИДЕО) Николов: Филипче да се обврзе да остане во јавното здравство 15 години откако ќе му заврши министерската функција

Од:

„Здравствениот систем во Република Македонија, од ден во ден се повеќе станува приватен здравствен систем кој наместо кон пациентот единствено е ориентиран кон профитот. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство.

Нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрување на здравствениот систем кои ги вети СДСМ, туку единствено гледаме зајакнување на приватните здравствени болници, и во исто време континуирани обиди за деградирање на јавното здравство.

Таква е и последната идеја на комерцијалистот Зоран Заев и на министерот за приватно здравство, Филипче, за префрлање на државната детска кардиохирургија во приватна клиника, потоа давање на концесија на трансплантацијата на органи во приватни болници најавено како вид на јавно-приватно партнерство. И згора на сето тоа замислете, тие објавија тендер за т.н. физибилити студија за да се утврди дали треба да се приватизира и Итната медицинска помош и Домашната посета?!“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Го повикуваме министерот Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница. Ова министерот за здравство, заменик министер за здравство и докторите од неговиот кабинет им го должат на граѓаните на Македонија бидејќи денес, со се што прават како т.н. реформа во здравството, тие единствено си го поплочуваат сопствениот пат за да преминат во приватна болница веднаш штом ќе им заврши мандатот.

СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се сведоци на недостаток на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.

СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%.

СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.

Министерот склучува договори во четири очи, работи на тендери и префлување на парите во приватните болници. Ништо друго и не го интересира.

Повеќе од очигледно е дека не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Ставајќи ги инвестициите во приватниот здравствен сектор и уништувајќи го јавното здравство тие единствено им штетат на граѓаните.

Апелираме, по сето ова што го прави министерот, да се обврзе откако ќе му заврши функцијата, да остане во јавното здравство минимум 15 години. Ако го направи тоа можеби времето ќе покаже дека имал и добра намера.

Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и половина. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.

Сите оние кои виделе мака од деградираното здравство од страна на СДСМ ги повикуваме да ни се придружат утре во Кочани и следната среда повторно во Скопје на протестен марш“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски