(ВИДЕО) Николов: Филипче да ги спроведе мерките кои ги предлагаме, за да не ни се повторат жртвите од вториот и третиот бран

Од:

„Доста е со ПР и со скапо платени реклами, наместо на сопствена промоција и пет минути слава, потребно е Филипче да се фати да работи и да не се дозволи повторно избувнување на пандемијата на есен. Делта сојот на КОВИД-19 се шири на секаде низ светот, а најголемиот број од државите дефинираа строги мерки за влез и излез во државата, со тестирање на граница или при слетување на аеродром, само во Македонија, се тера ПР ништо конкретно не се работи“, рече Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вакцинацијата се одвива незадоволително. Потребно е власта да изнајде механизам за стимулација и за анимирање на што поголем број на луѓе, но и да работи на набавка на нови вакцини. Никаде ги нема најавените купени вакцини кои што Заев ги најави од Фајзер и Спутник. Се што добивме се донации или вакцини кои се од КОВАКС системот.

Филипче и Заев можат колку сакаат да зборуваат дека работат, но тоа не се гледа, ефектот е е мал односно незадоволителен.

Сега додека не е предоцна власта мора итно и неодложно да ги спроведе мерките коишто ги предлагаме, а со цел да се подготви здравствениот систем за да не ни се случат вториот и третиот бран повторно.

1. Не смее да ни се повтори мерките и предлозите на Комисијата за ЗБ да се носат врз основа на политички барања и политички диктат.

2. Не смее да ни се повтори да имаме најниска процентуална стапка на вакцинација во регионот.

3. Не смее да ни се повтори главна причина за кластери со Ковид-19 да бидат повратниците од дијаспората, коишто не се доволно информирани каде треба да се тестираат, каде треба да се обратат при појава на првите симптоми.

4. Не смее да ни се повтори пациентите да не можат да дојдат до тест за Ковид-19 или да плаќаат баснословни суми за тестирање.

5. Не смее да ни се повтори, да има кревети, а да нема соодветен медицински третман. Пациентите да плаќаат баснословни суми за хоспитализација во ПЗУ.

6. Не смее да ни се повтори пациентите да не можат да направат соодветни и навремени РТГ и лабораториски анализи и испитувања.

7. Не смее да ни се повтори дека наводно да има протоколи, но медицинскиот персонал ги нема добиено и секоја болница да лекува спрема своето емпириско искуство.

8. Не смее да ни се повтори недоволно обучен персонал и кадар да раковоиди со високософистицирана и специфична терапија и опрема.

9. Не смее да ни се повтори пациентите со други дијагнози да не знаат каде да се лекуваат и да има застој во нивниот третман.

10. Не смее да ни се повтори здравствениот систем да остане без Универзитетски клиники за неврологија, очно, ушно и дерматовенерологија.

11. Не смее да ни се повтори целиот здравствен систем да лекува само Ковид-19 пациенти

12. Не смее да ни се повтори да има недоволно функционални апарати за третман на пациентите.

13. Не смее да ни се повтори лекување на пациентите врз основа на лични контакти и тоа кој се јавил за пациентот.

14. Не смее да ни се повтори дефицит на ЛЗО како во првиот бран.

15. Не смее да ни се повтори пост ковид патологијата кај пациентите да не се знае каде да се лекува.

Не смее да се повтори периодот којшто помина зад нас каде што имавме 5.500 починати и повеќе од 160.000 заразени граѓани. Никој во светот не знае колку тешки и опасни може да бидат новите мутации на КОВИД-19, но за да не ни се повторат сите овие работи потребно е здравствениот систем да се подготви и да биде спремен.

Потребна е зголемена контрола со тестирање на границите, широка достапност на тестови и масовната вакцинација. Потребно е министерот Филипче да се фати за работа.

Народот не смее да страда затоа што некој решил да си тера личен ПР. Време е за Македонија за сите луѓе!“, изјави Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ