(ВИДЕО) Николов: 300 илјади луѓе од источниот регион ги користат медицинските услуги на штипската болница, вложувањата во здравството се видливи

Од:

Сите се стремиме кон модерно здравство – здравство фокусирано на пациентите. Но, исто така и здравство фокусирано кон мотивирање на медицинскиот персонал. Да бидеме мотивирани и успешни во својата работа, истакна Сашко Николов – млад интервентен кардиолог на трибината на тема „Агенда – Здравство 20 – 24“ во Куманово.

„Токму инвестициите во инфраструктурата, во материјали, лекови, растот на платите на вработените во здравството се ветер во грб на сите нас лекарите и медицинскиот персонал“, посочи Николов.

Тој додаде дека за разлика од порано денес условите во кои работат вработените во здравството се на доста повисоко ниво и во текот на овие две и пол години преку бројните трибини и комуникација со граѓаните, пациентите, се враќа довербата кон докторите која беше разнишана токму поради негативната кампања на ВМРО-ДПМНЕ која траеше 11 години наназад.

Тој посочи дека искуството и вештините стекнати во претходното негово работно место во приватното здравство, порано не можел да ги примени во јавното здравство поради немањето услови за тоа ,но денес со сите вложувања од страна на Владата предводена од СДСМ, во текот на изминатите 2.5 години, тоа е возможно.

„Благодарение на тоа, денес 300 илјади луѓе во источниот дел од нашата држава можат да ги користат здравствените услуги на Штипската болница“, истакна Николов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски